За Нас
24 ИНГ дооел Битола е синоним за квалитетна изработка на сообраќајни студии, проектна документација, ревизија на проектна документација како и надзор и изведба во областа на сообраќајот.
Професионалниот тим на 24 ИНГ дооел Битола ги обезбедува следните услуги:
- Развој на сообраќајни модели на макро и микро ниво
- Планирање на сообраќај за градски и вонградски сообраќајници
- Изработка на сообраќајни студии
- Изработка на ПОУМ – Планови за одржлива урбана мобилност
- Изработка на проекти за сообраќајна сигнализација и опрема
- Изработка на проекти за туристичка сигнализација
- Изработка на проекти за паркинг простори и сообраќајно уредување
- Изработка на проекти за времена измена на режимот на сообраќај
- Изработка на елаборати за урбана опрема
- Ревизија на безбедноста во сообраќајот (RSA, RSI)
- Ревизија на проектна документација
- Надзор над изведба
- Изведба од областа на сообраќајното инженерство